IN MEMORIAM – КОСТОВ НИКОЛЧО – ПИЛОТО!

февруари 11, 2021

Роден во Струмица од мајка Фима и татко Јован на 31.03.1957. Основно образование завршува во струмичкото основно улилиште “Сандо Масев” 1971 година. Потоа аплицира и е примен во 11. класа на војна воздухопловна гимназија “Маршал ТИТО” во Мостар, која ја завршува 1975 година. По усшешно изведен падобрански скок и селективен лет е примен во воздухопловна војна академија на аердром Земуник кај Задар, која успешно ја завршува 1979 година со диплома “пилот на дозвучна борбена авијација”. Титулата пилот на надзвучна борбена авијација ја добива 1980 година со преобука на авион МиГ-21, после што е распределен во 124. ловачка авијациска ескадрила, 117. ловачки авијациски пук базиран на аеродром Жељава, Бихаќ, БиХ.

Курс за командир на авијациско одделение завршува 1988 година како прв во класата и се здобива со титула наставник на летање. Во Бихаќ на служба бил до 23.04.1992 година кога единицата му е прераспределена на аеродром Поникве кај Ужице. Со бегање на 2 хрватски пилота со МиГ-21 во Хрватска, поради македонската националност му е забранено летање на МиГ-21 и е префрлен на аеродром Батајница на авион Ан-26. Повеќе пати наградуван и одликуван во кариерата во ЈНА, а златен летачки знак исто така не добил поради распадот на државата. Во војската на СРЈ (наследничка на ЈНА) е бил до 1994 кога на негово лично барање е прекината активната војната служба и во март месец со семејството се сели во родната Струмица.

Од 1994 е невработен до 2002 кога добива повик од Армијата на Република Македонија. Во АРМ е на служба на аеродромот Петровец до 2016 година како пилот на хеликопер Ми-8/17 и авион Ан-2. Својата летачка кариера ја завршува 2016 година кога е и пензиониран како потполковник на Армијата на Република Македонија со вкупно 2084 часови налет. Македонец со најголем број часови налет, најголем број часови налет на надзвучна авијација, најголем број на часови налет на авион од типот МиГ-21. Од приватниот живот може да се издови дека 1985 година се вечава за сопругата Ксенија во Бихаќ, со која имаат син Јован роден 1987 и ќерка Даница родена 2004 година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ