И ВО АВТОМОБИЛИТЕ ЌЕ ИМА ЦРНИ КУТИИ, АМА ЌЕ СЕ „ЧИТААТ“ САМО СО СУДСКИ НАЛОГ – ПРАВИЛО ЗА НОВИТЕ АВТОМОБИЛИ ОД ЈУЛИ!

февруари 7, 2024

Почнувајќи од јули 2024 година сите нови автомобили во Европската Унија ќе мора да ја имаат таканаречена црна кутија, односно кутија која ќе снима податоци за настани. Овој уред ќе ги снима брзината на возење, потоа употребата на трепкачите, како и сопирањето. Сите овие информации, пак, би можеле да бидат корисни по можна сообраќајна несреќа.

Сите знаеме дека во авионите постојат црните кутии. Тие ги чуваат сите податоци за движењето на авионот, настаните во пилотската кабина и слично. По несреќа, податоците во кутијата се анализираат за да се утврди причината за несреќата. Сега секој нов автомобил добива таква кутија.

Оваа одлука беше донесена од ЕУ и ќе почне да се применува од 7 јули 2024 година. Кутијата континуирано ќе ги снима брзината на возилото, употребата на трепкачите од страна на возачот, реакциите на сопирање, растојанието на сопирање, активирањето на воздушните перничиња и други услови кои можат да бидат релевантни за утврдување на причината за можна несреќа.

Целта на таквата кутија не е првенствено да го разјасни прашањето за вината, туку да помогне во пронаоѓањето на причината за сериозните несреќи. Тоа може да доведе до спроведување мерки за избегнување несреќи во иднина. Исто така, ќе може да документира тоа што се случува со автомобилот при судир, што инженерите можат да го користат за да ги направат новите автомобили уште побезбедни.

Податоците во црната кутија не можат лесно да се прочитаат од страна на полицијата или осигурителна компанија. Правилата на ЕУ диктираат дека прво мора да има судски налог за да се повлечат податоци од кутијата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ