И ОВА ГО ИМА ВО МАКЕДОНИЈА: Хигиеничарка интервјуирала кандидати за државјанство во бугарскиот Конзулат во Битола, голем дел ги одбила!

март 11, 2024

Интервјуата со кандидати за пасош во бугарскиот конзулат во Битола ги правела хигиеничарка. Ова го откри пратеникот на партијата „Преродба“, Ангел Георгиев по извештајот за извршената контрола во дипломатското претставништво кој бил испратен до Инспекти оратот на бугарското МИнистерство за правда. Според него, голем број од апликациите биле одбиени од неа.

Системските пропусти во конзулатот на Бугарија во Битола ги признала и Мариј Габриел, вицепремиерка и шефица на дипломатијата. Според неа, хигиеничарката повеќе нема пристап до конзулската служба и до архивата.

Габриел додаде оти не биле констатирани директни докази дека хигиеничарката ги интервјуирала кандидатите, но, исто така, биле нотирани „застрашувачки прекршувања кои се недозволиви во дипломатската служба“. Таа откри дека 2.719 апликации се вратени за докомплетирање во конзулатот во Битола.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ