Денеска, во спортската сала „Парк“ во Струмица, ќе се одигра натпреварот од Првата ракометна лига помеѓу РК „Астраион“ и РК „Мулти Есенс“. Натпреварот ќе започне во 20:00 часот, а сите средства од продадените билети и донации ќе бидат наменети за помош на настраданите во трагедијата која ја погоди Кочани. Хуманитарната акција има за цел да помогне во надминувањето на последиците од оваа голема катастрофа.
























