Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи – напиша Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски му честиташе победа на кандидатот на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Доналд Трамп.
-Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата. Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи – напиша Мицкоски на Фејсбук.
Тој порача дека Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион.
Трамп, според последните проекции на Асошиејтед прес има освоено 267 електорски гласови, а Харис 214 од 270 потребни за победа. Во исто време според „Фокс њуз“, пак, Трамп веќе може да се прогласи за ново-стар претседател на САД.