strumica denes logo

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: Инвестиција од 100 милиони во енергетиката!

Автор:

Датум:

декември 23, 2025

Автор:

Датум:

декември 23, 2025

Во Владата денеска беа потпишани договори кои, според премиерот Христијан Мицкоски, претставуваат чекор што ќе ја обликува иднината на државата и ќе ја зајакне нејзината стабилност, со јасна визија за економски развој, безбедност и суверенитет.

Како што соопшти Мицкоски, со потпишувањето на договорот за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“, како и договорот за ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3, Владата испраќа порака дека енергетиката е меѓу клучните национални приоритети и инвестиција од највисок стратешки интерес.

Станува збор за инвестиција од вкупно 97 милиони евра. Од оваа сума, 50 милиони евра се обезбедени од КФВ за фотонапонската „Битола 3“, 10 милиони евра се наменети за ревитализација на хидроелектраните, додека 37 милиони евра од ЕБОР, исто така, се за проектот „Битола 3“. Со реализацијата на најавените проекти, вкупните инвестиции во енергетскиот сектор, како што беше истакнато, се приближуваат до 100 милиони евра.

Премиерот нагласи дека целта не е краткорочен ефект, туку долгорочна трансформација – изградба на енергетски систем отпорен на кризи, флексибилен кон идните предизвици и усогласен со европските стандарди, кој ќе обезбеди енергетска сигурност и за сегашните, и за идните генерации.

Во обраќањето беше потенцирано дека денешните договори не се сведуваат само на нови капацитети и инфраструктура, туку на поширока порака за одговорност, визија и зајакнување на државниот суверенитет преку стабилен и сигурен енергетски систем.