strumica denes logo

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ БЕШЕ РЕИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО-ДПМНЕ И НАЈАВИ БОРБА ЗА СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ!

Автор:

Датум:

декември 6, 2025

Автор:

Датум:

декември 6, 2025

Христијан Мицкоски денеска повторно беше избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, што, како што истакна, претставува голема чест и силна одговорност дадена од партијата и нејзините членови. На партискиот конгрес беше усвоена и нова Стратегија и Доктрина, со што, според Мицкоски, се поставува јасна и позитивна идејна основа за идниот развој на организацијата.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ останува народна партија, чија идеја се пренесува низ генерации. Мицкоски порача дека Македонија мора да научи да верува во себе, наместо да зависи од надворешни фактори. Според него, државата може да успее единствено ако самата ги поставува своите цели, самата си верува и самата ја гради својата иднина.

Во своето обраќање, Мицкоски потенцираше дека по долги години на предизвици и неправди, граѓаните ѝ ја довериле на партијата задачата да ја обнови државата. Тој додаде дека обврската што стои пред ВМРО-ДПМНЕ не е само партиска, туку државна и историска, и дека движењето на Македонија напред ќе биде водено со енергија, чесност и визија.

  • Banner