ЃУЃОВДЕНСКИ СРЕДБИ СО ДЕФИЛЕ И МАКЕДОНСКИ ОРА НИЗ ЦЕНТАРОТ НА НОВО СЕЛО!

мај 6, 2023

Ѓорѓе Божинов, градоначалник на општина Ново Село:

🥁По повод големиот христијански празник Св. Ѓорѓи Победоносец, денес се одржаа Ѓурѓовденските средби со дефиле низ центарот на Ново Село и македонски ора и фолклор на ,,Белев Рид” во кругот на Манастирот Св. Ѓорѓи и Св. Антониј

📢На овогодинешните Ѓурѓовденски средби, покрај нашата гордост КУД Јане Сандански, учествуваа и ФА Бучим од Радовиш, КУД Вера Јоциќ од Македонска Каменица, КУД Филиграни од Охрид и ТС Пшелина од с.Генерал Тодоров, Бугарија

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: