„Гугл“ подготвува алатка за лоцирање изгубен или украден телефон дури и кога е исклучен

април 13, 2023

Проектот наречен „Фајндер нетврок“ треба да ги прошири можностите на андроид-апликацијата „Фајнд мај дивајс“ и многу полесно да ја добие моменталната локација на уредите што се изгубени.

Откако ќе почне да работи „Фајндер нетворк“, регистрираните андорид-уреди ќе емитуваат блутут-сигнал што може да го примат други андроид-уреди. Заради безбедност и приватност, овие сигнали се обработуваат на шифриран и анонимизиран начин.

Функцијата „Пауер оф фајндер“ ќе продолжи да го емитува анонимниот сигнал дури и откако андроид-телефонот е исклучен. Освен што може да го најде изгубениот уред, со ова ќе се обесхрабри кражбата.

Тековните можности на „Фајнд мај дивајс“ кои вклучуваат опции за далечинско заклучување или бришење на содржината на изгубен или украден андроид-телефон може да се прошират со опција за далечинско исклучување на телефонот.

На тој начин се обезбедува преостанатиот век на траење на батеријата да се користи исклучиво за лоцирање на уредот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: