Грција се отвора на 14 мај за Македонците, но има неколку критериуми кои мора да се исполнат за влез!

март 31, 2021

Минитерот за здравство Венко Филипче соопшти дека Грција ги отвора границите за македонските граѓани на 14 мај.

Според Филипче граѓаните преку граничните премини во Дојран и Гевгелија ќе може да го посетат нашиот јужен сосед.

Филипче рече дека тој утрово имал разговор со грчкиот министер за туризам Харис Теохарис, при што добил уверување од грчкиот министер дека грците имаат план да ги отворат границите со земјава на 14 мај при што ќе биде потребен негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација на лицето кое ќе патува во оваа земја.

Филипче уште утрово до грците го испратил ликот на вациналните сертификати со потребните кодови, како и листа на овластени лаборатории кои имаат легитимитет да издаваат ПЦР тестови.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ