ГРЦИЈА, АЛБАНИЈА И ХРВАТСКА ГИ УКИНАА СИТЕ КОВИД ОГРАНИЧУВАЊА ЗА ВЛЕЗ ВО НИВНИТЕ ДРЖАВИ!

мај 2, 2022

Албанија и Хрватска од денеска ги укинаа ограничувањата кои беа воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во таа земја, пренесуваат агенциите. Од денеска за влез во Албанија и Хрватска не е потребен сертификат за вакцинација против коронавирус, негативен тест или потврда за прележан коронавирус, пишува „ABC News“. Ноќните клубови повторно се отворени во Албанија, а забраната за емитување музика по 23 часот е укината. Укината е и обврската за носење маска, но на сила останува препораката за носење маска во затворени простории, пишува медиумот.

Пред неколку денови исто така и Грција ги укина сите Ковид ограничувања за влез во државата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: