ГРАЃАНИТЕ СТАНУВААТ ЗАВИСНИ: Секој ден во Македонија се издаваат над 10.000 рецепти за Диазепам!

јануари 14, 2022

Дали дијазепамот стана лек или само кратко бегство од се постресниот и неизвесен живот во земјава? Побарувачката за овој седатив се поголема, на дневно ниво се издаваат над 10.000 рецепти. Колку граѓаните ја бараат утехата во лекови за смирување и кои се причините?

Според дел од матичните лекари бројката на издавање рецепти за дијазепам е фрапантна. Најчесто овој лек се препишува за анксиозност, а во земјава има енормно зголемување на анксиозна популација. Дополнително економскиот фактор како доминантна причина придонесува за граѓаните да посегнуваат по дијазепами. Се пијат од две до четири недели, но доктор Ненад Лазаров вели дека нептребно и хронично дел од граѓаните го пијат по 20 или 30 години.

Целосната вест може да ја погледнете на следниот ЛИНК.
Извор: 24.мк

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ