ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕ ЗАНИМАВААТ СО КОЗМЕТИЧКА ДЕЈНОСТ ВО СТРУМИЦА СЕ ПОЖАЛИЈА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ: НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ЗА НИВ СЕ КОЗМЕТИЧАРКИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ И НЕ ПЛАЌААТ НИКАКВИ ДАВАЧКИ!

декември 29, 2021

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

♦️Добриот глас надалеку се слуша. По ставањето ред и дисциплина на булеварите и улиците коишто беа узурпирани од уличните продавачи на текстилни и прехранбени производи, на нелојална конкуренција, денеска, се пожалија и граѓаните кои се занимаваат со козметичка дејност.

👉Иако, и јас како градоначалник и Oпштина Струмица, немаме посебни надлежности во оваа област, јас ги примив и на средбата разговаравме за проблемите со коишто тие се соочуваат во своето работење. Најголем проблем за нив се козметичарите кои работат во домашни услови, не се регистрирани и не плаќаат никакви давачки.
Им ветив дека нивниот проблем ќе го пренесам во Локалниот Совет за превенција на општина Струмица во којшто делуваат внатрешни и надворешни членови кои имаат ингеренции од повеќе области, меѓу кои и од нивната.

▫️Мора да ги почитуваме Законите за да имаме ред и дисциплина кои водат кон успешен развој.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: