Во недела, на 1 ноември 2026 година, во Градошорци ќе се одржи манифестацијата „Ден на празот“, посветена на локалното производство и зачувувањето на традицијата. Настанот ќе започне во 12:00 часот, во дворот на црквата „Св. Никола“.
Посетителите ќе имаат можност да вкусат разновидни специјалитети од праз, подготвени од вредните домаќинки. За музичката програма и добрата атмосфера ќе се погрижат „Алегро бенд“ и Санде Митев, со настапи во знакот на македонската песна.
Организаторите упатуваат покана до сите љубители на домашната храна и традицијата да бидат дел од манифестацијата и преку дружење и забава да го прослават празот од Градошорци.
























