strumica denes logo

Градоначалникот Славе Андонов го отвори асфалтираното повеќенаменско игралиште во Радичево!

Автор:

Датум:

април 14, 2025

Автор:

Датум:

април 14, 2025

Општина Василево продолжува со имплементацијата на значајни инфраструктурни проекти кои имаат за цел подобрување на условите за живот и рекреација на своите жители. Во рамките на овие активности, во Радичево е асфалтирано ново повеќенаменско игралиште, кое ќе обезбеди квалитетно место за физичка активност и забавни активности за локалната заедница, но и за учениците од основното училиште, чиј двор го користат.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

„Овој проект е важен за нашата општина, особено за децата и младите кои ќе го користат игралиштето за време на школските активности и во слободното време. Во наредниот период планираме да поставиме ограда, кошеви и стативи, што ќе го направи игралиштето уште пофункционално“, истакна градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.

Со реализацијата на овој проект, Општина Василево ја подобрува инфраструктурата и го менува ликот на општината, со фокус на развој на јавни простори кои ќе служат на благосостојбата на сите жители.

Новото игралиште во Радичево претставува значајна инвестиција во здравјето и благосостојбата на младите, како и поттик за понатамошно унапредување на условите за рекреација во целата општина.