ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА: ВРЕМЕ Е ЗА РЕД И ДИСЦИПЛИНА, ЌЕ ПОСТАВИМЕ ЈАСНИ ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ ЗА КОНТРОЛИРАЊЕ НА ПАРКИРАЊЕТО ВО СТРУМИЦА!

ноември 1, 2021

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Време е за ред и дисциплина во општината и во јавните претпријатија под општина Струмица.

Граѓаните тоа го очекуваат од нас и тоа мораме да им го овозможиме.

Мојата визија како градоначалник не е да бидам затворен во кабинетот, туку постојано присутен помеѓу граѓаните, но и помеѓу вработените во општината и јавните претпријатија.

Третманот на паркирањето во Струмица е една од приоритетните теми од која зависи секојдневното и нормално функционирање на жителите и самиот град.

Со Директорот Митко Бујуклиев ја имавме првата работна средба на која беа поставени јасни цели и задачи со кои ќе се контролира паркирањето во Струмица од секоја гледна точка. Истовремено, ќе се работи и на програма за унапредување и осовременување. Работиме интензивно затоа што за тоа сме избрани ‐ да служиме на интересите и потребите на сите граѓани.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ