ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРИЈАТЕЛСКА ТУРЦИЈА!

мај 13, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Пријателствата треба да се прошируваат и добрите практики да се разменуваат.

Една од државите со чии општини имаме пријателски односи е Турција. Токму таму деновиве сме во работна посета со претседателот на Советот Марјан Даскаловски и секретарот на Општината, Александар Оџаков.

Денеска остваривме средби со градоначалникот на општина Чигли, Утку Гумрукчу и Кајмакамот Аднан Чакироглу.

На средбите разговаравме за актуелните состојби во нашите општини, нивниот развој, досегашната соработка, а ги маркиравме и потенцијалните можности за проширување на соработката.

Досега најизразена е соработката во областа на образованието и културата, но и економијата е област за којашто покажавме заеднички интерес.🇲🇰🇲🇰🇹🇷🇹🇷

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ