ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА: ВО „НИКОЛА ВАПЦАРОВ“ БЕА ПОДЕЛЕНИ ТАБЛЕТ УРЕДИ НА ДЕЦА ОД СОЦИЈАЛНО РАНЛИВА КАТЕГОРИЈА!

јануари 28, 2021

Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:

🏢Денес во општинското основно училиште “Никола Вапцаров” присуствував на настан на кој беа поделени таблет уреди на деца од социјално ранлива категорија со цел да се обезбеди непречено следење на наставата.

🤝Таблетите се обезбедени со донација на АД “Макпетрол” Скопје. Со реализација на оваа акција се подобрува прилагодувањето на учениците на дигиталниот начин на образование и се дава поддршка на локалната заедница во обезбедувањето на технички помагала за подобрување на изведувањето на наставата од далечина на учениците во основното образование.

✅Во текот на претходната и во оваа учебна година, на учениците од основното образование во општина Струмица, беа поделени поголем број на таблет уреди кои беа обезбедени преку донации од “Еколог” од Тетово и Детската фондација “Песталоци” од Швајцарија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: