ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА СПОДЕЛИ ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: ОД 9 ДЕКЕМВРИ ПАЗАРОТ „ЧЕШЕЛ“ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН СЕКОЈ ДЕН, ОСВЕН НЕДЕЛА – МЕСТОТО ЗА ПРОДАВАЊЕ Е НА ПАЗАРОТ, НЕ НА ТРОТОАРИТЕ!

декември 6, 2021

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Наша обврска е да овозможиме услови и после тоа да воспоставиме ред.

Местото за продавање е во пазарот, не на тротоарите.

Затоа носиме важни одлуки и превземаме чекори од кои сите ќе бидат задоволни.

ЈПКД „ Комуналец „ Струмица ги известува сите граѓани и правни лица дека од Четврток 9 Декември 2021 година Пазарот за земјоделски производи „Чешел„ ке биде отворен секој ден освен Недела. Со ова овозможуваме сите лица кои секојдневно продават производи на недозволени места да добијат свој легален простор за продажба на своите производи. Секое продавање надвор од пазарот или по улиците на градот ке биде санкционирано од Општинските испекцијски служби.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ