ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА ПОВТОРНО ГИ ЗАМОЛУВА ГРАЃАНИТЕ: ДА БИДЕМЕ ВНИМАТЕЛНИ, СЕ’ УШТЕ НЕ СМЕЕМЕ ДА СИ ДОЗВОЛИМЕ ОПУШТАЊЕ!

мај 11, 2020

Почитувани сограѓани,

Да бидеме трпеливи, внимателни и сериозни во почитувањето на мерките и препораките за заштита од Ковид-19. Се уште не смееме да си дозволиме опуштање и игнорирање на актуелните мерки за заштита на нашето здравје.

Борбата со корона вирусот не е завршена, само од нас зависи кога ќе дојде крајот на справувањето со овој предизвик.

Претстојните празници можеме да си ги прославиме достоинствено, почитувајќи ги мерките кои се уште се на сила, а чија цел е заштита на нашето здравје.

Да не се изложуваме на непотребни ризици.

Собирањето во групи и блиските контакти се уште се ризик по нашето здравје.

Да ги почитуваме препораките и да го чуваме нашето здравје.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ