Почитувани сограѓани,
Да бидеме трпеливи, внимателни и сериозни во почитувањето на мерките и препораките за заштита од Ковид-19. Се уште не смееме да си дозволиме опуштање и игнорирање на актуелните мерки за заштита на нашето здравје.
Борбата со корона вирусот не е завршена, само од нас зависи кога ќе дојде крајот на справувањето со овој предизвик.
Претстојните празници можеме да си ги прославиме достоинствено, почитувајќи ги мерките кои се уште се на сила, а чија цел е заштита на нашето здравје.
Да не се изложуваме на непотребни ризици.
Собирањето во групи и блиските контакти се уште се ризик по нашето здравје.
Да ги почитуваме препораките и да го чуваме нашето здравје.