Home

Perdormire
Струмица

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА ПОБАРА ПОДДРШКА ОД ГРАЃАНИТЕ НА СТРУМИЦА, УТРЕ ЗАПОЧНУВА РУШЕЊЕТО НА ДИВОГРАДБИТЕ НАД НОВИТЕ ТУРСКИ ГРОБИШТА!

Home

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Моја Струмицо!

Пред сите вас ветив ред, дисциплина и силна посветеност за поубава Струмица.

Денеска повеќе од било кога барам од вас поддршка, разбирање и толеранција.

Утре 15 април започнуваме со рушење на дивоградбите над новите турски гробишта каде е планиран најголемиот проект во општина Струмица до сега, изградба на социјална населба за дислокација на нелегалните објекти од улица Климент Охридски.

Барам поддршка од моето турско маало но и од цела Струмица, од сите населени места, од институциите од сите вас.

Мораме Струмица да ја направиме достоинствено место за живеење, број еден во државата.

Почнавме и враќање назад нема.
Од срце за Струмица ❤️