ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА EUROPE HOUSE, ЗАСАДИЈА 28 ДРВЦА ВО ГОЛЕМИОТ ГРАДСКИ ПАРК!

мај 9, 2021

По повод Денот на Европа, а во организација на Europe House Струмица, денеска, градоначалникот Коста Јаневски со млади луѓе од нашиот град засадија 28 дрвца во големиот градски парк. Засадените 27 дрвца ги симболизираат земјите членки на Европската Унија, а 28-то дрвце ја симболизира нашата држава како идна членка на големото европско семејство.

Со засадувањето на дрвцата, градоначалникот Јаневски и младите разговараа за европските вредности и перспективи на Струмица и Република Македонија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ