ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА ОСТВАРИ СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА!

јуни 1, 2019

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, оствари средба со амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Ангел Ангелов. На средбата разговараа за интензитетот на спроведувањето на проектот „Повеќенаменски социјален центар на општина Струмица“. Со овој проект се реконструира еден објект од поранешната касарна во кој се уредуваат седум простории наменети за Здруженијата кои работат со ранливите категории граѓани. Проектот е финансиран од Владата на Република Бугарија. Градоначалникот јаневски и амбасадорот Ангелов, разговараа и за проширување на соработката во повеќе области, посебно во искористувањето на средствата од европските фондови наменети за проекти за прекугранична соработка.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: