ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА ОБЈАВИ: ДЕНЕСКА СЕ ИСПЛАТЕНИ 800.000 ДЕНАРИ ОД ФОНДОТ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ И КУПУВАЊЕ НОВ ВЕЛОСИПЕД!

јуни 18, 2020

Денеска се исплатени 800.700 денари од Фондот за субвенционирање за купување нов велосипед. Овие средства се исплатени на 229 граѓани кои ги исполнија критериумите за субвенционирање зa купување нов велосипед и средствата на нивните сметки ќе ги имаат во попладневните часови. Вкупно беа доставени 238 апликации од кои 9 беа одбиени од комисијата заради дуплирање на апликациите и некомплетна документација. Им благодарам на граѓаните за поддршката во реализацијата на овој проект. Големиот интерес потврди дека ова беше вистинска мерка во време кога и за нас како општина Струмица, но и за сите граѓани, заеднички приоритет ни е здравиот живот и чистиот воздух. Ова не поттикна да планираме повторно активирање на Фондот за субвенционирање за купување нов велосипед во наредната буџетска година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: