ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА НАЈАВИ ГОЛЕМ КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ: УРБАН МОСТ МЕЃУ СТАРА И МОДЕРНА СТРУМИЦА!

декември 24, 2020

Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:

📣Со задоволство го најавувам започнувањето со реализација на еден капитален проект, којшто беше еден од носечките во мојата предизборна кампања, а тоа е проектот Урбан мост помеѓу стара и модерна Струмица.

🏗Овој проект опфаќа уредување на каналот наречен Свети Илијски порој, изведба на две сообраќајници паралелни со поројот и изградба на фекален колектор, со што ќе се решат инфраструктурните проблеми на овој дел којшто станува ново градско јадро.

🏠Тука никнува една голема населба, а се актуелизира и населбата Софилар и со овој проект ќе ги приклучиме кон постоечкото градско јадро.

Владата на Република Северна Македонија веќе донесе Одлука и го прифати овој наш проект како еден од значајните, а меѓу повеќето инфраструктурни проекти коишто беа аплицирани од другите општини, и веќе се обезбедени средства во висина од 1,4 милиони евра со кои ќе се реализира еден сегмент од овој наш опсежен проект.
#СтрумицаГрижливГрад

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ