Градоначалникот Коста Јаневски со соработниците изврши увид во завршните работи во градинките во населените места Куклиш и Муртино. Сите градежни активности се завршени, набавен е потребниот инвентар, објектите се оградени, се чека само решението за вршење дејност од Министерството за труд и социјална политика и истите да бидат ставени во функција.
-Имам задоволство да потенцирам уште еден важен сегмент во квалитетот на живеење во нашата општина. Тоа се градинките во населените места Куклиш и Муртино во кои се вршат последните дооформувања на амбиентот внатре и пополнување со се она што е потребно како инвентар во овие градинки, кои што ќе примат околу 86 наши дечиња, најмлади сограѓани, шеесетина деца во населеното место Куклиш и околу 26 деца во населеното место Муртино. Ова е еден убав проект. Очекуваме уште решение за вршење на оваа дејност, кое што треба да го издаде министерствто за труд и социјална политика и веднаш после тоа ќе можеме да ги примиме нашите најмали сограѓани од овие категории во овие убави објекти, рече градоначалникот Јаневски.