Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Јас си држам до зборот и моите ветувања ги исполнувам.
Проектот „Струмица – Паметен вело град “ станува реалност.
На денешниот состанок со тимот одговорен за спроведување на овој проект ја утврдивме динамиката на спроведување на инфраструктурните активности за изградба и обележување на велосипедски патеки во градот Струмица.
Градежните работи ќе ги започнеме во првата недела од септември, а ќе изградиме и обележиме велосипедски патеки на булеварите „Ленинова“, „Маршал Тито“ и „Климент Охридски“, градскиот парк и седум улици во градот.
Слоганот на проектот е „Се е блиску”, блиски се растојанијата за возење велосипед, но блиску е и времето кога нашата Струмица ќе биде современ Вело европски град.