ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА: Со задоволство ја прифативме понудата оваа година Струмица да биде домаќин на државната традиционална спортска манифестација „Гимназијада“

април 12, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

⛹️‍♀️🤾‍♀️Ги поттикнуваме спортските квалитети, навики и натпреварувачки дух кај младите преку разни спортски натпревари и манифестации.

Со задоволство ја прифативме понудата оваа година Струмица да биде домаќин на државната традиционална спортска манифестација „Гимназијада“.

Овој масовен спортски собир за учениците од средните училишта ќе се одржи на 5 и 6 мај со околу 600 учесници кои ќе се натпреваруваат во 5 спортски дисциплини и тоа фудбал, кошарка, одбојка, ракомет и футсал во машка и женска конкуренција.

На денешниот состанок со претседателот на Федерацијата на училишен спорт Александар Туфекџијски и претставници на Општинскиот сојуз на училишен спорт ги договоривме деталите и ја потврдивме желбата да бидеме одлични домаќини на оваа прекрасна спортска манифестација.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: