ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА НА СРЕДБА СО МЛАДИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА КОИ ЌЕ ЗАПОЧНАТ СВОЈ БИЗНИС СО ПАРИ ОД ОПШТИНАТА!

март 17, 2022

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска одржа средба со избраните кандидати на Јавниот повик за пријавување и вклучување на млади невработени лица од општина Струмица во процесот на зајакнување на нивните капцитети заради започнување на свои сопствени бизниси во оваа година.

На средбата разговараа за нивните бизнис идеи, процесот на зајакнување на нивните капацитети и поддршката којашто ја имаат од општина Струмица.

За оваа намена општина Струмица издвои 300 илјади денари, а ваквата поддршка е скоро двојно зголемена во оваа буџетска година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ