ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА ЌЕ ГИ ЗГОЛЕМИ ПЛАТИТЕ ЗА 2.806 ДЕНАРИ ВО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА!

јули 1, 2022

Вчера, се оствари средба помеѓу Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, претседателите на синдикалните организации во Општина Струмица и Јавните комунални претпријатија со Градоначалникот на Општина Струмица , Костадин Костадинов.

На задоволство на работниците и нивните претставници, Градоначалникот Костадинов ги прифати барањата на синдикатите и платите на сите вработени во општината и јавните комунални претпријатија за 2806 денари во нето износ.

Градоначалникот Костадинов истакна дека во овие сложени услови за работа и на општината и на јавните претпријатија им е тешко да работат, но најтешко им е на работниците на кои треба да им се помогне кога им е најтешко.

Претседателите на СУТКОЗ и УПОЗ, Димовски и Деаноски изразија задоволство од постигнатите решенија и потпишаните Колективен договор и спогодби.

Со потпишување на Колективниот договор во Општина Струмица помеѓу Градоначалникот, Костадинов и Претседателот на УПОЗ, Деановски, и потпишаните спогодби помеѓу Директорите и Претседателот на СУТКОЗ и Претседателите на синдикалните организации, платите на сите вработени во Општина Струмица, ЈКП Струмица, ЈПЕД Струмица гас, ЈП Паркиралишта Струмица, ЈПКД Комуналец Струмица се зголемуваат за 2806 денари во нето.

Во јавните претпријатија согласно потпишаните спогодби, ќе се склучат и Колективни договори на ниво на работодавач со кои ќе биде регулирано ова право.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ