ГОРНИТЕ ДЕЛОВИ ОД СТРУМИЦА БЕЗ ВОДА, ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРААТ: САКАМЕ ДА СЕ ИЗМИЕМЕ И СРЕДИМЕ КАКО ЛУЃЕ!

јули 24, 2022

Граѓаните кои живеат во горните делови од Струмица веќе неколку дена реагираат на социјалните мрежи поради немањето вода.

„Отворете вентилите да добиеме вода. Струмичани отсекогаш знаеле да си ги негуваат традициите и обичаите. Сабота е и традиционално е да се оди на пазар. Сакаме да се измиеме и средиме како луѓе и да одиме на пазар. Само кај нас без дефект може да ти сопрат вода на 50 степени и да чекаш 24 часа.“ – стои во објавата на фејсбук на струмичанец кој живее на „Бетовенова“.

Повеќе пораки пристигнаа и до Струмица Денес.

„Ако може објавете за водата на „Бетовенова“. Веќе 30 часа немаме вода поради некој што нерационално ја користи водата а сите ние трпиме. Сега добивме информација дека до среда ќе немаме вода. Ве молиме реагирајте оти не се издржува на 50 степени“.

Од „Комуналец“ објавија соопштение пак дека поради високите температури и зголемена потрушувачка на водата некои населени места како и горните делови од градот се без вода.

„Се обидуваме да постигнеме стабилност на системот со минимални рестрикции. За поскоро елиминирање на проблемот апелираме до сите рационално да ја користат водата исклучиво за потребите на домаќнствата.“ – велат тие во нивното соопштение.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ