ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА Е ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ!

февруари 21, 2024

ВМРО-ДПМНЕ објави дека на јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори пријавена е професорката Гордана Силјановска Давкова која поднела план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати.

Крајниот рок за поднесување на пријави истече денес во 17 часот, а како што информираат од партијата, за кандидатурата на Силјановска ќе се одлучува од страна на делегатите на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател која ќе се одржи на 2 март.

Гордана Силјановска Давкова била професорка по Уставно право и Политички систем на Правниот Факултет Јустинијан Први. Таа е експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

Таа е актуелен пратеник во Собранието.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ