ГОРАН ПАНДЕВ: Жал ми е што Панчев никогаш не му помогна на македонскиот фудбал

ноември 3, 2023

Горан Пандев даде големо интервју за српските медиуми каде меѓу другото зборуваше за состојбите во македонскиот фудбал.

Најтрофејниот македонски фудбалер веќе подолго време отворено ги критикува политиките на ФФМ, а сега даде свое видување и за легендата Дарко Панчев.

„Панчев во своето време беше најдобар. Како деца навивавме или за Црвена звезда или за Партизан, но мој идол од детството повеќе беше Савичевиќ, отколку Панчев. Жал ми е што Панчев никогаш не му помогна на македонскиот фудбал. Такво име можеше многу да помогне, а не го направи тоа, жал ми е што е така“, истакна Пандев.

Пандев во 2010 година го основа клубот Академија Пандев, кој од оваа сезона се вика Брера.

Кога во 2010 година со Интер ја освоив Лигата на шампионите, идејата ми беше да отворам фудбалска школа. Израснав во Струмица и знам какви беа условите, па сакав на новите деца да им овозможам да тренираат и да се развиваат фудбалски во убави услови. Среќен сум што таа идеја од 2010 година ја реализирав во дело, а сега во соработка со Брера од Милано ја креваме на уште повисоко ниво“, изјави Пандев.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ