Google објави листа на телефони кои се мета на хакери

март 31, 2023

Како дел од проектот Zero Гугл објави листа на мобилни телефони кои се најчесто на метата на хакерите поради грешки во системот. Дали и вашиот телефон е меѓу нив?

Сè што им е потребно на хакерите е телефонски број, поради што овој тип на хакирање се нарекува хакирање без клик.

Според Гугл, потенцијално ранливи телефони и уреди се:
• телефоните од сериите Samsung S22, M33, M13, M12, A71, A53, A33, A21, A13, A12 и A04;
• телефоните од сериите Vivo S16, S15, S6, X70, X60 и X30;
• телефоните Google Pixel 6 и Pixel 7;
• сите уреди кои користат чипсет Exynos W920;
• сите возила кои користат чипсет Exynos Auto T5123.

Според препораките за намалување на ризикот, корисниците треба да ги исклучат повиците преку Wi-Fi и услугата VoLTE во поставките на уредот. Корисниците на телефони Pixel мора да го ажурираат својот телефонски систем со најновата верзија објавена овој месец. Ажурирањето вклучува решение за проблемот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ