ГОЛЕМО БРАВО ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ:За првпат на СОФ вечер посветена на Тоше Проески!

јуни 1, 2019

За првпат од постењето на Струмица ОПЕН фестивал ќе биде изведен целовечерен трибјут за Тоше Проески. Вечер во чест на една од најголемите ѕвезди на балканските простори.

На сцената кај Чешмичката на 14 август со почеток од 21:00 часот – трибјут за Тоше Проески.

Бројните хитови од деветте албуми на Тоше ќе бидат во изведба на солисти од македонската музичка сцена. Александра Јанева, Марко Logout и Васил Гарванлиев се тројцата солисти кои ќе го изведат специјалниот трибјут концерт.

Цели два часа публиката ќе има можност да ужива во нови аранжмани и поинакви изведби на нивните омилени песни од големата поп-ѕвезда.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: