strumica denes logo

ГОЦЕ АРНАУДОВ БЕШЕ АМАЈЛИЈА НА ПАНДЕВ: ЗА ФИНАЛЕТО ВО МАДРИД ТРГНАЛ СО АВТОМОБИЛ ЗА ДА МУ ДОНЕСЕ СРЕЌА!

Автор:

Датум:

август 20, 2026

Автор:

Датум:

август 20, 2026

„Гоце, ти си ми еден вид амајлија. Те молам, ако можеш, дојди на финалето – ми носиш среќа“, му рекол Горан Пандев на Гоце Арнаудов само неколку дена пред големото финале меѓу Интер и Баерн во Мадрид.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Легендарниот македонски пејач не се двоумел ниту за момент. Иако бил преморен од настапите и турнеите, веднаш почнал да се подготвува за пат. На својот син Оскар му кажал да се спакува, по што заедно со уште неколку пријатели со автомобил се упатиле кон Шпанија за од трибините да го бодрат струмичкиот фудбалски ас.

Во едно постаро интервју, Арнаудов раскажал дека повикот на Пандев го прифатил без размислување, бидејќи за луѓето што ги сакал и ги сметал за вистински пријатели бил подготвен да направи сè.

Тој со гордост зборувал за нивното патување до Мадрид, но и за радоста што ја доживеале на стадионот. Интер го совлада Баерн со 2:0 и се искачи на европскиот фудбалски трон, а Гоце со насмевка заклучил дека Пандев не го нарекувал своја амајлија без причина.

Тоа не било првпат Арнаудов да присуствува на натпреварите на Пандев. Тој верувал во неговиот талент уште од почетоците на кариерата и претчувствувал дека младиот струмичанец еден ден ќе стане голема фудбалска ѕвезда. Секогаш кога обврските му дозволувале, ги следел неговите настапи и му давал безрезервна поддршка.

За Арнаудов претставувало голема чест тоа што Пандев верувал дека му носи среќа. Нивната приказна останува едно од најубавите сведоштва за искреното пријателство меѓу две големи македонски имиња – едниот на музичката, а другиот на фудбалската сцена.

На денешен ден, пред 72 години, е роден Гоце Арнаудов – пејачот кој со препознатливата боја на гласот, огромната сценска енергија и темпераментот стана едно од најголемите имиња на македонската фолк-музика.

Арнаудов беше појава сама за себе. Каде и да се појавеше, публиката го пречекуваше со еуфорија, а речиси сè што ќе отпееше стануваше хит. Неговите песни бргу стануваа дел од музичкото секојдневие на повеќе генерации Македонци.

Зад себе остави бројни фестивалски признанија и награди, а настапите на најголемите фолк-фестивали му донесоа статус на еден од најпопуларните и најнаградувани македонски пејачи.

Неговата успешна животна и музичка приказна беше прерано прекината. По долго боледување, Гоце Арнаудов почина во 2011 година, на 57-годишна возраст.

Сепак, тој не остана запаметен само по песните. Во сеќавањата живее и како голем родољуб, човек кој искрено ја сакаше Македонија и пријател кој несебично ги поддржуваше луѓето што му значеа. Приказната со Горан Пандев е само еден од највпечатливите примери за тоа.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ: