ЃОРЃЕ СТОЈЧЕВ НАЗНАЧЕН ЗА НОВ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ!

јануари 17, 2022

Ѓорге Стојчев е назначен за нов шеф на стручниот штаб на Академија Пандев. Раководството на клубот одлучи дека Стојчев е најдоброто решение за тренер на сениорскиот тим и ја има целосната доверба од сите во клубот. Стојчев е дел од Академија Пандев од самото формирање, најпрво како тренер во младинските категории, а од пред три сезони и како асистент тренер во сениорскиот тим каде соработуваше со Југослав Тренчовски, Александар Таневски и Александар Васоски.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: