strumica denes logo

(ФОТОРЕПОРТАЖА НА СТРУМИЦА ДЕНЕС) Некогаш магазин за храна и скривалиште од војна, денеска „хорор филм“

Автор:

Датум:

март 2, 2021

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

март 2, 2021

Категории:

Струмица

Многу луѓе поминале таму и го виделе тоа место, но скоро никој не знае што точно има внатре.Ви ја претставуваме една од најопремените и најстарите „скривници“ во Македонија.

Однадвор изгледа нормално, никој не би помислил дека внатре го чека нешто сосема неочекувано. Секојдневно пробуваат мали дечиња да влезат внатре незнаејќи што всушност е тоа и се што може да ги очекува внатре, односно под земјата, некои и успеваат да прошетат внатре, но некои веднаш се повлекуваат.

Скривницата се наоѓа спроти основното училиште „Никола Вапцаров“ и брои околу дваесеттина соби. Внатре никако не се влегува без посебна заштита бидејќи целата е опколена со разни животинки и хемикалии. По раскажувањата на постарите што живеат околу скривницата, велат дека тоа на времето било магазин за храна и скривалиште доколку дојде до војна,потоа се користело како работилница за мебел но по разделувањето на Југославија местото станало вистински хаос, влегува кој како сака, а се случиле и неколку кражби на алуминиумски сандаци и старо железо, а станало и мета на зависници од дрога.

На почетокот од влезот најпрвин постои еден тесен ходник кој води до главните соби во скривницата. Таму стекнавме и систем на вентилација, фрижидер, мелница и конзерви во кои се наоѓала храна. За жал не успеавме да стигнеме до главните соби каде според луѓето има многу, многу што да се види и фотографира. Но не информираа дека постојат и тренинг соби, теретана, кујна, и главната соба кадешто се одржувале состаноците.

Во продолжение погледнете ги фотографиите кој нашиот фотограф успеа да ја долови сликата таму.