ФОТОГРАФИРАЈТЕ КОЈ ГО ЗАГАДУВА ВОЗДУХОТ ВО СТРУМИЦА И ИСПРАТЕТЕ ГИ ПРЕКУ МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА НА ЕКОЛОШКОТО ДРУШТВО „ПЛАНЕТУМ“

март 27, 2024

Еколошкото друштво „Планетум“ од Струмица моментално ја спроведува иницијативата „Чист воздух, Едуцирај и делувај” кој е поддржана преку проектот „Справување со загадувањето на воздухот” финасиран од Шведска, имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со МЖСПП и општините Куманово, Кавадарци, Гостивар, Струга и Струмица.

Во склоп на оваа иницијатива ЕД Планетум – Струмица изработи инфографик со апликација која секој граѓанин на Општина Струмица има можност да ја инсталира на својот мобилен телефон.

Целта на апликацијата е да се сликаат изворите на загадувачи, да се пратат на messenger на Фб Профилот на нивната организација https://www.facebook.com/profile.php?id=100010904586425

Освен апликацијата за лоцирање на изворите на загадување ЕД Планетум набави и дваесет мобилни мерни станици за мерење на загаденоста на воздухот.

Истите ќе бидат распоредени на повеќе локации на о. Струмица, а собраните измерени податоци ќе бидат ставени на интерактивна мапа на загадувачи која веќе два месеци се пополнува со извори на загадувачи со цел да видиме кои локации во нашата општина се најзагадени и да се оди кон следните чекори на реакција.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ