strumica denes logo

ФОТОГРАФИИ: КАКО ИЗГЛЕДАШЕ „БОНИТА“ КОГА ЗАПОЧНА СО РАБОТА ВО 1994 ГОДИНА?

Автор:

Датум:

јуни 11, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јуни 11, 2019

Категории:

Струмица

Волшебната бајка на „Бонита“ продолжува и понатаму! „Бонита“ прослави 25 години од своето постоење, 25 години откако струмичани уживаат во највкусните пици, пастармајлии и гурмански специјалитети . Одбележувањето беше проследено од повеќе гости кои на сопствениците и на вработените им посакаа уште повеќе успех во иднина. Со добра храна, жива музика, убави и насмеани луѓе, 25те години од постоењето на „Бонита“ помина во многу забавна атмосфера! Тимот на Струмица Денес им посакува уште долги години успешно постоење.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Инаку, „Бонита“ започна со работа од 10.06.1994 година и е меѓу најстарите пицерии во градот. „Бонита“ е првата пицерија која почнува во фурна да пече пици и пастармајлии.Секоја година од тогаш па до денес тие инвестираат и се прошируваат, а од 2004 година ресторанот се прошири и со летна тераса. Во продолжение погледнете како изгледаше „Бонита“ кога започна со работа во 1994 година:

Фотогалеријата од одбележувањето може да ја погледнете со кликнување на следниот ЛИНК