Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков попладнево објавувајќи го Христовото Воскресение им го честиташе Празникот над празниците на вработените и осудените лица во КПУ Затвор Струмица.
,,Во Божјите очи никој од нас не е без вина ниту без грев, но Он иако Безгрешен и Совршен, ги зеде на Себе сите наши гревови и слабости. Вистински слободен човек не е оној што е надвор од овие ѕидови, туку оној што се ослободил со Божја помош од гревот и страстите”, рече Владиката.