(ФОТОГАЛЕРИЈА) Учениците и вработените во општинското средно училиште „Димитар Влахов“ го одбележаа Светскиот ден на храната

октомври 17, 2018

Учениците и вработените во општинското средно училиште „Димитар Влахов“ денеска го одбележаа Светскиот ден на храната.

Во просториите на Домот на Културата „Антон Панов“ приредија вистинско уживање за сите љубители на храната. На прекрасно аранжирани штандови презентираа најразновидни прехранбени производи, солени и слатки специјалитети, подготвени од нив, но и разновидни прехранбени производи од бизнис партнерите на училиштето, а типични за струмичкото поднебје.

На манифестацијата присуствуваа членови на Советот на општина Струмица, соработници и пријатели на училиштето, но и поголем граѓани кои буквално уживаа во богатата понуда на училиштето. Шеснаесет години по ред се организира оваа прекрасна манифестација во која директно се вклучени учениците од земјоделската, прехранбената и медицинската струка.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ