strumica denes logo

(ФОТОГАЛЕРИЈА) НОВО ВО СТРУМИЦА: „ОПТИКА-ЛМ“ приреди спектакуларно отворање на својата втора и поголема оптика во градот!

Автор:

Датум:

ноември 11, 2019

Автор:

Датум:

ноември 11, 2019

Нивната приказна започна во 1990 година кога во Струмица ја отворија својата прва оптика! Од тогаш па се до денес „ОПТИКА-ЛМ“ успеа да стане една од најуспешните оптики во југоистокот. Синоќа веднаш наспроти Католичката црква кај „Илинден“, „ОПТИКА-ЛМ“ ја отвори својата нова, односно втора оптика во градот, спектакуларно отворање кое беше проследено од гости дури и од Бугарија.

Сопственикот на „ОПТИКА-ЛМ“ Никола Бактарлиев вели дека нивниот успех сите овие години лежи во нивниот квалитет, пристапните цени за секого и најважно од се’ љубезноста која нивниот тим секогаш им ја пружи на клиентите!

„ОПТИКА-ЛМ“ располага со најбараните светски марки на очила Ralph, Carrera Victoria’s secret, Victoria’s secret pink,CÉLINE, Roberto cavalli, Guess, Rayban, Emporio armani, Vogue, Dolce & Gabbana, Justcavalli, Carrera и многу други. Освен тоа, „ОПТИКА-ЛМ“ Ви ги нуди најбараните и најдобри контактни леќи по одлични цени кои ви овозможуваат кристално јасен вид. „ОПТИКА-ЛМ“ нуди и бесплатна достава до вашиот дом без разлика во кој град живеете.

Тимот на Струмица Денес им посакува многу успех во иднина. Во продолжение погледнете ја фотогалеријата од отворањето која фотографот Столе Ангелов ни ја подготви: