Perdormire
Струмица

(ФОТО+ВИДЕО) ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ САКСАФОНИСТИ НА БАЛКАНОТ Е ОД СТРУМИЦА – ДЕНИС ШАВЛЕВ, МОМЧЕТО КОЕ СВИРИ СО ЦЕЛА БАЛКАНСКА МУЗИЧКА ЕСТРАДА!

Струмица отсекогаш била расадник на спортски, актерски но и музички легенди! Денис Шавлев е младо момче од нашиот град и важи за еден од најдобрите саксафонисти во балканот.

Доказ за тоа се многубројните пофали на големи балкански музички ѕвезди со кои Денис има свирено. Дел од нив се Александра Пријович, Зорица Брунцлик, Стоја, Јана, Шериф Конјевич, Александра Младенович, Никола Ајдинович и Анета Молика, Дарко Филипович, Јелена Костов, Марко Маркович, Барбиките, Марина Далипович и многу други.

Денис исто така е дел и од познатата музичка група „Енерџи бенд“ од Србија.

„Пресреќен сум што имам можност да свирам со вакви големи музичи имиња.

За некого тоа не значи ништо, но за мене значи баш се’. Ова е голема работа за мене и мојата фамилија, а се надевам и за мојот град Струмица.

Ми остана уште желбата да свирам со Цеца, за мојата листа да биде комплетна.“ – вели Денис за портал Струмица Денес.

На Денис му посакуваме уште многу успеси во иднина, а во продолжение погледнете дел од фотографиите и видеото како дел од проектот за ГРАНД ТВ со Емир Хабибович:

 

Živim al' nisam živ (Cover)#emirhabibovic #EnergyBend

Posted by Energy Bend Vranje on Thursday, 14 November 2019