По откажаната Евровизија од минатата година, Васил Гарванлиев доби уште една можност да нè претставува на Евровизија. Синоќа, 17 мај се одржа церемонија за официјално отворање на Евровизија, а на црвениот, односно тиркизниот тепих се појави и нашиот претставник Васил.
Откако ќе се означи почетокот на Евровизија, обично натпреварувачите одат по црвен тепих, каде што имаме можност да ја видиме нивната сценска облека. Но годинава, покрај многуте правила и мерки поради пандемијата, наместо црвен, натпреварувачите одеа по тиркизен тепих. На свеченоста присуствуваше и Васил.
Нашиот претставник носеше црн, елегантен елек долг до земјата, со црна маица и панталони, а највпечатливиот дел од неговата комбинација беше неговата круна направена од парчиња огледало.