strumica denes logo

(ФОТО) Слаткарница Иднина – спомените за највкусните слатки од Струмица!

Автор:

Датум:

октомври 20, 2021

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 20, 2021

Категории:

Струмица

Кога после 20 години ќе останеш врежан во најубавите спомени на струмичани, мора да си оставил нешто вредно за помнење. Некогашната слаткарница „Иднина“ беше работното место на голем број мајстори со вешти раце, кои меракслиски ги подготвуваа слатките мали задоволства на кои струмичани никогаш не можеа да одолеат. Тимската работа, тајните рецепти и масовното производство придонесуваа нивните продавници да бидат едни од најпосетуваните.

Струмичани со сласт и страст се посетуваат на мирисливи еклери, тригуните и локумите кои се топат во уста, освежувачките сокови и бонбоните. Да погледнеме дел од фотографиите направени во „првата производствена линија“ на некогашната слаткарница.

Меѓу најпознатите мајстори се Борис Бомјански и Доне Бургов – според кажувањата, од нивните раце излегувале највкусните и најполните еклери. За среќа на струмичани, рецептот за прочуените еклери ја продолжува традицијата до денешен ден – Борис Бомјански ја отвара слаткарница „Ресана“, а таа за бргу станува семеен бизнис во кој се вклучуваат и останатите членови на семејството. Еклерите може да ги пронајдете на секое малопродажно место во градот..и уште еднаш да и’ се препуштите на долгогодишната традиција.