Новото ексклузивно ателје на модниот бренд Елена Лука во Струмица, деновиве започна со работа на нова локација, непосредно пред 5-годишниот јубилеј од присуството на брендот со продажно место во овој град.
Уредено по сите светски стандарди, концептот на ателјето го следи препознатливиот принцип на работа на докажаниот моден бренд кај кој квалитетот, професионалноста и врвниот моден дизајн се есенцијални начела.
Во раскошниот амбиент се соединуваат луксузниот дизајн и пријатната атмосфера во која добивате чувство како да сте дел од уметничко дело.
Просторот всушност ја надополнува високоестетската приказна на уникатните креации, секоја од нив посебна, авангардна, карактерна…
Посебно катче им е посветено и на сите идни невести, кои тука ќе ја пронајдат венчаницата за која мечтаат.
Шармот на светската мода спакуван во нов, свеж и авангарден простор.
Тимот на Елена Лука Ве очекува.
Новото ателје е лоцирано на булеварот „Климент Охридски” 51Ј, Струмица.