strumica denes logo

(Фото) Неидентификуван мистериозен објект се појави на плажа во Австралија

Автор:

Датум:

јули 17, 2023

Категории:

Свет, Струмица

Автор:

Датум:

јули 17, 2023

Категории:

Свет, Струмица

Австралиската полиција е збунета од мистериозната „неидентификувана“ купола што се појавила на плажа во Западна Австралија. Џиновскиот метален предмет го пронашло локалното население на плажата Грин Хед, на околу 250 километри северно од Перт, пренесува „Би-Би-Си“.

Државните и федералните власти го истражуваат предметот, за кој моментално не се верува дека е од комерцијален авион. Се третира како опасен предмет, а полицијата побара од луѓето да држат безбедно растојание.

„Сакаме да ја увериме заедницата дека сме активно вклучени во заеднички напори со различни државни и федерални агенции за да се утврди потеклото и природата на објектот“, се вели во соопштението на полицијата.

Жителите на плажата Грин Хед изјавија дека цилиндерот бил широк околу 2,5 метри и долг од 2 до 3 метри, објави јавната телевизија на Австралија. Голема група луѓе ја посетија локацијата во саботата за да го видат цилиндерот, а еден од локалците го опиша настанот како „одлична социјална вечер“.

„Беше прекрасна, мирна ноќ, децата копаа песочни замоци околу неа“, изјави тој за „Еј-Би-Си“.

Експертот за авијација Џефри Томас рече дека предметот е веројатно резервоар за гориво од ракета што паднала во Индискиот Океан во одредена фаза во изминатите 12 месеци.

Австралиската вселенска агенција соопшти дека е можно џиновскиот цилиндар да паднал од „странско вселенско летало“ и дека ќе се поврзе со други меѓународни агенции.

Иако имаше некои шпекулации дека цилиндерот можеби бил дел од MH370 – авион кој исчезнал во близина на западниот австралиски брег во 2014 година со 239 патници – Томас рече дека за тоа „нема шанси“.