Perdormire
ВМРО-ДПМНЕ Струмица

(ФОТО) МЛАДИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ОД СТРУМИЦА ОБЈАВИЈА: СТРУМИЦА Е ГРАД НА КРПЕЊЕ НА ДУПКИТЕ, А НЕ ЕВРОПСКИ ГРАД!

Унија на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ-Струмица:

Ова е „Eвропскиот град“ или подобро да го наречеме „градот на „крпењето“. Даваат изјави дека е „Европска Струмица“ а улиците цели 14 години само ги крпаат без да најдат соодветно и долготрајно решение за дупките кои оштетија стотици возила на граѓаните. Овде нема само фотографии од улици, туку има и фотографии од главното градско подрачје кој е преполн со дупки. Да не зборуваме пак за улицата „Кирил и Методиј“, дел кој е еден поубавите во Струмица а е тотално заборавен од Општината.

Затоа, УМС-СТРУМИЦА упатува апел уште еднаш до надлежните, да престанат да глумат дека се е „мед и млеко“ и да се зафатат за работа уште веднаш.

#СтрумицаЗаслужува